Крадец влегол во соблекувалната на спа-центар и ограбил гости на скопски хотел

од Milan1
48 прегледи

Тројца клиенти на спа-центарот во хотел во Скопје, пријавиле дека некој им ги украл парите во соблекувалната, соопшти полицијата.

– На 08.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, три лица пријавиле дека во периодот од 19.00 до 21.30 часот од соблекувална на спа центар во хотел на подрачјето на Центар им биле одземени пари, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини