Крадците му ја скршиле вилицата на Обамејанг при нападот

од Vladimir Zorba

Напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг има скршена вилица по грабежот во неговиот дом во Кастелделфелс, во близина на Барселона, пред неколку дена.

Неколку вооружени мажи упаднале во куќата на фудбалерот додека тој бил внатре со семејството. Играчот бил удрен со метален предмет во пределот на брадата, што резултирало со скршеница.

Репрезентативецот на Габон се очекува да паузира околу 3 недели, објави Sky Sports, прецизирајќи дека станува збор за мала скршеница.

Без разлика, опцијата за продажба на Обамејанг на Челси останува на дневен ред, а се ќе биде решено во преостанатите часови бидејќи пазарот ќе се затвори утре вечер.

Слични содржини