Крафорд изгледа прекрасно и во шестата деценија: Која е тајната за нејзината совршена коса?

од Nikola Popovski
299 прегледи

Познатиот американски супермодел Синди Крафорд (55) изгледа беспрекорно во шестата деценија, а долгата и здрава коса е нејзиниот заштитен знак.

Еден од најпопуларните модели од 90 -тите успеа да ја зачува виталноста на косата, благодарение на природната козметика и соодветната грижа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

– Ја сушам со фен, но не толку добро како професионалците. Долната страна на косата има повеќе бранови, па морам да ја стилизирам на два начина. Користам тркалезна четка и фен за обликување, за кои ми се потребни најмалку 15 минути. Друга опција е да се остави да се исуши природно, а во тој случај нема чешлање, само подобрете ги брановите со одреден препарат во случај вашата коса да биде поправа на врвот, вака Крафорд ја откри тајната на нејзината совршена коса.

Моделот не крие дека во негата на косата редовно користи маски што ги употребува додека е во сауна, додека тренира или се одмара дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Таа исто така нагласува дека ја собира косата ноќе, за да не ѝ се извитка за време на спиењето.

 

Слични содржини