Во Кинотека на Македонија денеска од 15 до 20 часот ќе се одржи Крафтинг пивски салон на
домашни производители на занаетчиско пиво. Влезницата е 300 денари, додека цената на
поединечно пиво од секој изложувач е 100 денари.

За првите 300 посетители е обезбедена стаклена брендирана чаша со логото, дегустација/проба на
сите изложени пива, соодветна храна и специјално пенливо вино за добредојде.
Пивскиот салон ќе биде збогатен со музичка и видео програма на која ќе се презентира развојот на
домашното пиварство во Македонија.