“Крафтверк” загуби 20-годишно дело за авторско права

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Одлуката ќе има важни последици за хип-хоп музиката во светот.

2111093647

Германската група “Крафтверк”, еден од пионерите во електронската музика, загуби 20-годишно дело за кршење на нивното авторското право.

Случајот се водеше против Сабрина Сетлур и нејзиниот композитор и продуцент Моузес Пелам кои користеле 2 секунди сампл од композицијата на “Крафтверк” Metal auf Metal од 1977 година, без да побараат дозвола.

Песната на Сетлур Nur mir се појави на виделина 20 години подоцна, во 1997 година.

Случајот ги мина сите инстанци во Германија и во 2012 година Федералниот суд пресуди во корист на “Крафтверк” – дека има нарушени авторски права.

Сега сепак Уставниот суд пресуди дека сојузниот суд треба да ја преиспита својата одлука.

Според уставните судии, ако посегнување врз авторското право е “незначително”, “креативната слобода е поважна од интересите на поседувањето на правата”.


Sabrina Setlur – Nur Mir by Stella78
Одлуката ќе има важни последици за хип-хоп музиката, бидејќи таму често се прибегнува кон самплинг.