Крај на една ера: Манчестер Сити останува без најважниот играч

од Nikola Popovski
354 прегледи

Кевин де Брујн, првата ѕвезда на Манчестер Сити и според многумина клучниот човек во доминацијата на тимот на Пеп Гвардиола во Премиер лигата, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Ал Етихад.

Според информациите до кои дојде новинарот Руди Галети, 33-годишниот Белгиец добил многу дарежлива понуда од тимот чии бои ги бранат Карим Бензема, Н’Голо Канте…

Според неговото пишување, Де Брујн ја прифатил понудата, а останало само клубовите да се договорат за обештетувањето.

Белгиецот во Сити пристигна во 2015 година од Волфсбург и одигра 382 натпревари за овој клуб од Манчестер со 102 гола и дури 170 асистенции, а освои вкупно 15 трофеи од кои највреден е трофејот за најдобар тим во Лигата на шампионите во 2023 година.

Интересно е што спортски директор на саудиската про лига е Мајкл Еменало, човекот кој во 2012 година од белгиски Генк го донесе Де Брујн во Челзи.

Во овој шампионат веќе настапуваат неговите поранешни соиграчи од Сити, Ријад Марез и Ајмерик Лапорте, додека на мета на тамошните клубови е и голманот Едерсон.

Слични содржини