Официјално, снимена е последната епизода од „Модерно семејство“, најнаградуваната серија комедија, која цели 11 години е со нас.
Единаесеттата сезона е и последна, а екипата го прослави последниот ден од нивната дружба, по повод снимањето на завршните кадри.
„Каков ден. Збогум ‘Модерно семејство“. Никогаш нема да ги заборавам овие луѓе, имавме само убави моменти. Благодарам ‘Модерно семејство’, благодарам Глорија Причет“, напиша Софија Вергара.
https://www.instagram.com/p/B827MC0lIv3/?utm_source=ig_embed
Актерот Џеси Тајлер Фергусон за оваа прилика напиша познат цитат: „Не вели збогум, бидејќи збогум значи заминување, а заминувањето значи заборавање – Џ.М. Бери“ и притоа им се заблагодари на сите обожаватели кои останаа со екипата цели 11 години и 250 епизоди.
https://www.instagram.com/p/B8z6VcNBRTQ/?utm_source=ig_embed
Ерик Стоунстрит пак, се збогуваше со вратата ноз која влегувал и излегувал на снимањата во текот на изминатите 11 години. „Поминаа како миг“, напиша тој.
https://www.instagram.com/p/B83BQAgHzC9/?utm_source=ig_embed
Продуцентот и креатор Стив Левитан исто така објави видео од последниот ден од снимањето на серијата.
„Ова се прекрасни луѓе благодарение на кои овие 11 сезони беа возможни, сите ги сакам“, напиша тој.
https://www.instagram.com/p/B82ImwZpVNK/?utm_source=ig_embed