Крај на карантинот во Австрија: Следниот чекор е задолжителна имунизација, а казните се солени

од Берта Китинска

Австрија го укина карантинот за вакцинираните лица, три недели откако воведе строги мерки за спречување на зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Правилата, кои варираат во зависност од регионот во земјата, во голема мера дозволуваат повторно отворање на театрите, музеите и другите културни и забавни објекти во недела.

Продавниците ќе бидат отворени во понеделник.

Некои региони денеска отворија ресторани и хотели, додека други ќе чекаат уште малку. За сите има полициски час во 23 часот , а маските ќе бидат задолжителни во јавниот превоз, затворени и јавни места.

Минатата недела, канцеларот Карл Нечамер го нарече потегот „отворање на појасот“, давајќи им можност на секој од деветте региони во Австрија да ги олабави или заостри ограничувањата врз основа на локалната ситуација.

Мерките за заклучување сè уште ќе важат за невакцинираните лица и тие ќе мора да останат дома, освен поради неколку конкретни причини, како што се купување намирници, одење на лекар или вежбање.

Австриските власти нагласија дека е потребна висока стапка на вакцинација за да се контролира вирусот. Само 67,7 отсто од населението е целосно вакцинирано, што е релативно ниска стапка за Западна Европа, а владата воведе мерки за да изврши зголемен притисок врз невакцинираните лица да ја примат вакцината.

Меѓу тие мерки е и воведувањето задолжителна вакцинација, која ќе стапи во сила од февруари за сите жители на возраст од 14 и повеќе години. Оние кои нема да ги почитуваат ќе се соочат со казни до 3.600 евра.

Слични содржини