Шакира и Жерар Пике цели 12 години важеа за еден од најхармоничните парови во светот на шоу-бизнисот и спортот, но на таа идила ѝ дојде крајот.
Откако во медиумите се појавија наводи дека се разделиле, колумбиската пејачка и шпанскиот фудбалер официјално ѝ се обратија на јавноста и признаа дека повеќе не се заедно.
„Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш врвен приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме за разбирањето“, беше сè што напишаа во заедничкото писмо испратено до EFE.
Како што неодамна се пишуваше, Пике ја изневерил својата животна сопатничка. Прво беше наведено дека тоа го направил со мајката на неговиот соиграч Гави, но се покажа дека наводно станува збор за 20-годишна студентка која работи како хостеса во Барселона. Пике почнал да доаѓа дома доцна во ноќта во алкохолизирана состојба па Шакира се посомневала дека тој ѝ е неверен.
Тој се иселил од заедничката куќа, а се пишуваше и дека пејачката на 28 мај имала напад на анксиозност поради што завршила во болница.