Крај на серијата „Симпсонови“? Оваа епизода сериозно ги загрижи фановите

од Nikola Popovski
123 прегледи

Започна 36-та сезона на „Симпсонови“, а првата епизода предизвика бурни реакции кај љубителите на серијата, бидејќи во епизодата наречена „Роденденот на Барт“ се споменува „финалето“.

Во епизодата се појавува анимираната верзија на поранешниот сценарист на „Симпсонови“ Конан О’Брајан, кој ја поздравува публиката составена од познати лица (и поранешни гости ѕвезди) како Сет Роген, Лејди Гага и Рон Хауард, пишува хрватски „Индекс“.

Тие биле собрани во епизодата поради крајот на „Симпсонови“. Обраќајќи им се на публиката, О’Брајан вели:

– Чест ми е да бидам со сите вас во финалето на „Симпсонови“. Да, вистина е. Фокс одлучи да стави крај на Симпсонови…

За време на емитувањето на епизодата настана паника на социјалните мрежи.

„Дали навистина е крајот?“, „Чекај, дали е ова прва и последна епизода? Дали навистина ни го направија ова?“, напишале дел од фановите.

За што всушност се работи?

Епизодата ги следи многуте наводни обиди на Фокс да го откаже „Симпсонови“, при што О’Брајан вели дека сега е конечно време.

Со цел да им помогне да ја извршат таа задача, беше ангажиран Hack-GPT.

О’Брајан го нарече уредот со вештачка интелигенција „врвот на плагијатот“ што може да стави крај на „приказните за карактери на емоционално задоволувачки начини без да се наруши најважното наследство на серијата“.

Уредот со вештачка интелигенција на крајот доаѓа со сценарио за последната епизода, насловена како „Роденденот на Барт“, која содржи неколку клишеа за финалето на серијата.

Барт дури се побуни по помислата дека ќе наполни 11 години. Но, до крајот на епизодата, сè се врати како што беше порано, односно не се случија никакви промени, ниту пак идејата дека серијата е завршена засекогаш.

Обожавателите беа смирени од продуцентот Мет Селман, кој за австралиски „People“ изјави:

– Бев во Нов Зеланд кога заврши штрајкот на писателите, па веднаш почнав да работам на Симпсонови. Тоа беше пред една година. Паралелно правевме и промоција за 35-та сезона која требаше да започне. А прашањето што секогаш ни го поставуваа новинарите беше поврзано со тоа каква ќе биде последната епизода од серијата. Немав добар одговор на тоа прашање бидејќи мислам дека серијата никогаш не треба да заврши – изјавил тој.

– Намерата беше да трае вечно. Намерата беше да се исмеваме со идејата за последните епизоди и се што правиме, секоја епизода е и прва и последна епизода од серијата – заклучил тој.

Слични содржини