Крај на шоуто на Елен Деџенерис по 19 сезони

од Vladimir Zorba
482 прегледи

Елен Деџенерис наводно ќе стави крај на своето ток-шоу. Имено, како што пишува „Дејли Меил“, по 19 сезони и повеќе од 3.000 епизоди, извор близок на водителката вели дека Елен се очекува да го објави денес затоа што веќе и е доста и му рече на својот тим „готово“.

– Рејтинзите паднаа и беа навистина застрашувачки оваа година, а Елен знае дека времето истече – наведува изворот.

Претставата завршува откако неколку поранешни и сегашни вработени ја обвинија Елен (63) за „негување“ на токсична работна околина минатата година и затворање на очите пред вознемирување од страна на раководните лица.

Според изворот, Елен и компанијата „Ворнер брадерс“, која го реализира шоуто, се очекува да објават јавно соопштение подоцна денес.

– Шоуто ги оттргна гледачите откако во јавноста беа објавени приказните за токсичното опкружување околу Елен – истакнува изворот.

Според него, рејтингот на шоуто значително опаднал во поголемите американски градови, како што се Њујорк, Чикаго и Лос Анџелес.

Во интервју за „Холивуд репортер“, Елен на некој начин ја потврди веста

– Кога сте креативна личност, треба постојано да ве предизвикуваат – и колку и да е одлична и забавна оваа емисија, тоа едноставно повеќе не е предизвик – рече водителката.

Слични содржини