Крај за уште еден легендарен V8

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Првото Maserati со V8 мотор беше 5000 GT, произведено во 1959 година, а сега, очигледно, на овој тип на мотор му дојде крајот кај италијанскиот производител. Тоа е уште една жртва на строгите правила за емисија на издувни гасови во Европската унија, но и во некои други земји.

Maserati ќе ги електрифицира сите модели до 2025 година, а од 2030 година производителот на луксузни спортски автомобили ќе нуди исклучиво електрични возила.

За да се збогува со V8 моторот, Maserati ги избра Ghibli 334 Ultima и Levante V8 Ultima. Кај Ghibli 334 Ultima, бројката укажува на максимална брзина од 334 km/h, што го прави овој автомобил најбрзиот „цивилен“ Maserati на сите времиња.

Моќниот 3,8 литарски V8 мотор произведува 580 КС (427 kW) и максимален вртежен момент од 730 Nm. Тој е со погон на задните тркала, а ќе бидат направени точно 103 примероци.

И Maserati Levante V8 Ultima го добива истиот мотор, но со погон на четири тркала, а ќе бидат произведени 206 примероци, 103 во црна и 103 во сина боја. Тоа ќе биде последното Maserati со V8 мотор.

Слични содржини