Крајно високите температури предизвикани од климатските промени, ризикуваат да направат Јужна Азија, каде сега живее една петтина од човештвото, ненаселено место.
Тоа е можно сценарио, во случај до крајот на векот да не се направи ништо за намалување на гасовите со ефект на стаклена градина. Зголемувањето на температурите и на влажноста може да достигне до крајно високи вредности кои го надминуваат капацитетот на човечкиот организам за опстанок без заштита, станува јасно од истражувањето објавено во списанието Science Advances.
“Овие смртоносни топлотни бранови можат да се појават само после неколку децении во области како Индија, Пакистан и Бангладеш”, предупредуваат научниците. Според нив можат да бидат засегнати и плодните обработливи области по реките Инд и Ганг.
Во 2015 година петтиот најсмртоносен во историјата топлински бран удри голем дел од Индија и Пакистан, при што загинаа 3 500 лица. Бројни истражувања за Јужна Азија ја утврдиле врската помеѓу климатските промени и фреквенцијата на големите горештини, и како се одразуваат тие на човековото здравје.
Научниците од МИТ (MIT) и Универзитетот Лојола Меримаунт во Лос Анџелес обрнаа внимание на тоа дека не се прават предвидувања за т.н. “влажна жега” и за нејзиното влијание врз способноста за адаптација на човечкиот организам.

За своите истражувања научниците користеле две климатски симулации, засновани на последните математички модели за циркулацијата на воздушни маси околу земјината топка. Научниците утврдиле дека без намалување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2), просечните температури на влажна жега ќе се доближат до 35 степени Целзиусови во лето во поголемиот дел на Јужна Азија до крајот на векот.
Тоа е праг над кој човечкиот организам тешко преживува. Според прогнозите во некои региони овие влажни горештини ќе го надминат прагот од 35 степени целзиусови. Ова сценарио предвидува намалување на емисиите на CO2 до вредности предвидени во мировниот договор за климата во 2015 година, овие средни температури ќе стигнат 35, или 31 степен целзиусов.
Овој температурен праг се смета за опасен за човековото здравје. Ние се надеваме дека ќе биде можно да се избегнат овие предвидувања за убиствени горештини преку намалување на стакленичките гасови, за да биде ставено под контрола на климатското затоплување. Тоа не е невозможно сценарио, вели Елфатих Елтахир – професор по еколошко инженерство во MIT.