Крајот на ерата Меркел се гледа

од desk3
70 прегледи

На почетокот на оваа година за Ангела Меркел имаше добри причини да се тврди дека е најдобар политичар во светот. Германскиот канцелар освои три последователни изборни победи. Таа беше доминантна политичка фигура во Европа и имаше огромна популарност во земјата.

меркел

Но бегалската криза, која ја зафати Германија, најверојатно става крај на Меркеловата ера. Земјата се подготвува да прифати над милион азиланти оваа година и се зголемуваат стравувањата во општеството, а со нив и критиките против Меркел внатре во нејзината партија.

Некои од блиските нејзини политички сојузници признаваат дека се појави јасна можност канцеларката да ја напушти функцијата пред следните парламентарни избори во 2017 година.

Дури и да го истера својот полн мандат, идејата за четврта администрација на чело со Меркел, широко дискутирана пред неколку месеци , сега изгледа малку веројатна.

Тоа донекаде е длабоко неправедно. Меркел ја причини војната во Сирија, ниту бедите во Еритреја и Авганистан. Одговорот на проблеми на милионите бегалци протерани од конфликти, беше храбар и внимателен.

Канцеларката се обидува да се придржува кон најдобрите традиции на повоена Германија, вклучувајќи и почит кон човековите права и решеност да ги почитува меѓународните обврски.

Проблем е што владата на Меркел очигледно ја загуби контрола над ситуацијата. Високи германски функционери јавно ја поддржуваат декларацијата на канцеларот дека “можеме да се справиме”. Но под површината има паника: трошоците силно се зголемуваат, социјалните служби едвај работат, рејтингот на Меркел паѓа, а насилството од страна на крајната десница расте. Списание “Шпигел” пишува оваа недела дека “Германија овие денови е место во кое луѓето се чувствуваат ослободени од секакви инхибиции да ја изразат омразата и ксенофобијата”.

Со кршењето на спокојството на површината на германското општество аргументите за позитивниот економски и демографски ефект од имиграцијата постепено губат сила. На нивно место има стравови за долгорочниот социјален и политички ефект од усвојувањето на толку многу придојдени, особено од немирниот Блиски Исток. Во исто време бегалците продолжуваат да доаѓаат во Германија – околу 10 000 секој ден. (За споредба, Велика Британија е подготвена доброволно да прифати 20 000 Сиријци за четири години.)

Сето ова така силно ја усложнуаа и контролата над ситуацијата што г-ѓа Меркел обично ја зрачеше, која најде израз во јавното нејзино именување “Mutti” (мамче). Во 2014 година, кога Меркел беше на чело на европските напори против кризата во еврозоната и руската анексија на Крим, германските гласачи изгледаа многу повеќе склони да се потпираат на проценката на канцеларката.

Бегалската криза сепак откри друго лице на Меркел. Некои гласачи изгледа дошле до заклучок дека Mutti е откачена – ги отвори широко вратите на Германија за бедата во светот.

Ова, се разбира, е премногу симплистички пристап. Одлуката на Германија од минатиот месец да не ги враќа барателите на азил Сиријци во првата безбедна земја, во која тие влегле, беше донекаде прагматично признание дека оваа политика е веќе практично невозможна. Сепак многумина го прифатија овој потег на Меркел како прогласување на “отворени врати”. И овој впечаток се зацврсти, претворајќи ја Германија (меѓу Шведска) во склопот земји од ЕУ за барателите на азил.

Единствениот начин оваа ситуација брзо да се промени, е да се изгради ограда по границата како онаа која унгарската влада на чело со Виктор Орбан ја изгради. Некои германски конзервативци сега повикуваат токму за такви мерки. Но г-ѓа Меркел едвај ќе го следи патот на Орбан. Таа сфати дека таквата политика би значела неизбежен крај на слободното движење на луѓето внатре во ЕУ и сериозно би го дестабилизирал Балканот, поради бегалците таму.

Наместо тоа Меркел инсистира на заедничко решение во рамките на ЕУ. Но германските планови за механизам за распределба на бегалците внатре во ЕУ, како и за прекувремен фонд за поделба на трошоците, се сретнаа со силен отпор. Како резултат на тоа односите на Германија со нејзините партнери од ЕУ, веќе затегнати од кризата во еврозоната, се влошуваат. Изборот на антиимигрантската влада во Полска во текот на минатиот викенд нема да помогне во таа насока.

Во состојба ли е Меркел да ја промени оваа ситуација? Ако германската влада има среќа се приближува зима , ќе се намали протокот на бегалци, давајќи време да се организира прием на баратели на азил, како и да се постигнат нови договори со транзитните земји, особено со Турција. Ако канцеларката успее да ја воспостави контролата над ситуацијата, се задржува можноста по 20 година, таа сепак да биде сметана за мајката на една поинаква, повеќе енергична и мултикултурна Германија – земја која опстојала на своите вредности кога биле подложени на стрес тест.

Ако сепак приливот на бегалци, кои упаднале во Германија, продолжи уште некое време со сегашното темпо, и Меркел ја задржи својата посветеност за “отворени врати”, притисокот врз неа за да се повлече, ќе се засили. Во моментов нема очигледни ривали. Но постојната криза несомнено ќе истера некои на линијата на фронтот.

Независно од личната политичка судбина и репутација на канцеларот, бегалската криза е пресвртен момент. Декадата по доаѓањето на власт на Меркел во 2005 година сега се чини благословен период за Германија, во кој земјата се радуваше на мир, просперитет и меѓународно почитување и се држеше на безбедно растојание од светските беди. Оваа златна ера веќе помина.