Крал меѓу лековитите растенија: Го регулира холестеролот, шеќерот и го опоравува црниот дроб!

од Vladimir Zorba

Студиите спроведени на животни покажаа дека активните соединенија во целерот можат благотворно да делуваат на намалување на холестеролот, но и да го спречат растот на малигните клетки.

Целерот содржи апигенин, соединение кое може да го стимулира растот и развојот на нервните клетки. Апигенинот и другите активни соединенија во целерот, исто така, имаат способност да спречат широк спектар на болести, вклучувајќи хипертензија, заболувања на црниот дроб, ревматски нарушувања и висок холестерол во крвта.

Во една неодамнешна студија, истражувачите од Индија ги истражуваа антихиперлипидемиските и антитуморните својства на екстрактот од етанол и фитохемиската компонента на целерот. Во тест спроведен врз животни, научниците докажаа дека целерот може да го спречи растот на клетките на туморот и да го намали нивото на холестерол, а ова истражување беше објавено во списанието Journal of Dietary Supplements.

Целерот се користи свеж и варен за подготовка на супи и јадења, семките се користат како зачин, додека листовите често се користат за украсување на различни кулинарски специјалитети. Може да се најде во текот на целата година, иако најдобар е наесен.

Листовите и коренот се исклучително богати со минерали, витамини, хранливи материи и есенцијални масла, кои му даваат силен, карактеристичен мирис. Сто грама корен содржи само седум калории, но 320 милиграми магнезиум и 16 милицентиграми фолати. Тој е одличен извор на витамин К, како и на диетални влакна.

Еве неколку болести кои може да ги ублажи целерот:

* Поради содржината на минерали, ја одржува pH рамнотежата во организмот, односно ја неутрализира киселината.

* Сокот од целер е одличен за пиење после тренинг, бидејќи делува како тоник. Го хидрира телото, ги заменува потрошените електролити и ги надополнува есенцијалните минерали.

* Сокот од целер е природен диуретик и лаксатив.

* Целерот го намалува вкупниот и лошиот холестерол.

* Ако пиете сок од целер дневно, тој го намалува крвниот притисок за една недела.

* Одличен е и за несоница.

* Целерот е афродизијак, па го зголемува сексуалниот нагон.

* Позитивно делува на регулирање на менструалниот циклус.

* Добар е за слабеење. Тој помага да се намали желбата и да се намали апетитот.

* Корисен е за бубрезите и уринарниот тракт, го спречува создавањето на камења.

* Ги ублажува воспалителните проблеми како ревматоиден артритис, гихт, бронхитис, астма.

* Целерот е корисен и за дијабетичари.

Слични содржини