Кралицата Елизабета II 90 роденден ќе го прослави со улична забава

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Британската кралица Елизабета II ќе го прослави 90 роденден со улична забава за 10.000 луѓе на 12 јуни во ЛОндон, најави денеска нејзиниот најстар внук Питер Филипс.

kraljica_620x0

Синот на принцезата Ана, кој е организатор на оваа прослава под назив „Ручек на покровителите“ рече дека оваа манифестација ќе се одржи надвор од Бакингамската палата и за која картите ќе се продаваат по цена од 150 фунти.

9.000 карти ќе им бидат продадени на добротворни и други организации на кои покровител им е кралицата, додека за останатите 1.000 во февруари ќе биде организирана лотарија на која ќе може да улествуваат сите кои сакаат.
На ручекот, кој на 12 јуни ќе биде послужен на километарската улица која ја поврзуваат палатата со Трафалгар сквер, ќе присуствува кралицата и нејзиниот сопруг принцот Филип, како и нејзините внуци Вилијам и Хари.

Родена на 21 април 1926 година, кралицата Елизабета II обично го слави роденденот два пати,приватно на самиот ден на роденденот и на официјална церемонија во јуни.