Британската кралица Елизабета Втора ќе го прослави својот 90-ти роденден со улична забава за 10 000 луѓе пред Бакингемската палата. Ова го објави најголемиот нејзин внук – Питер Филипс, син на принцезата Ана.4595765

Забавата сепак нема да е бесплатна. Секој кој сака да го прослави роденденот на Елизабет пред дворецот ќе треба да купи билет во вредност од 150 фунти (200 евра). Филипс, кој е организатор на забавата, изјави дека таа ќе биде во “карневалска атмосфера”.

Повеќе од 600 добротворни фондации и организации на кои кралицата е патрон, ќе можат да купат 9000 од билетите, а тие ќе имаат право да ги продадат на аукција за добротворни цели 40% од нив. Останатите треба да бидат дистрибуирани меѓу членовите на организациите.

Филипс, кој нема благороднички титули, раководи со британскиот огранок на австралиската компанија за организирање на настани Sports and Entertainment Limited. Самиот тој изјави дека настанот што го организира во чест на баба му, не е за профит и сите дополнителни средства од него ќе бидат дадени во добротворни цели

. “Ова не е евтина игра. За среќа нашите корпоративни партнери обезбедија финансирање за поголем дел од трошоците “, рече тој.

Сепак британските медиуми не пропуштија да забележат на високата цена на билетите. “Нека е за убаво” за таа цена, напиша британското издание “Тајмс”, а според негови експерти бесплатна прослава би била подобар ПР. Кралицата Елизабета полни 90 години на 21 април, но обично  официјалното одбележување на родендените на монархот се во јуни.

Роденденот ќе биде одбележан со служба во катедралата “Сент Пол” на 10 јуни и со  радиционална воена парада на следниот ден.

Слични содржини