Британската кралица Елизабета Втора отсекогаш била во блиска врска со нејзиниот внук Хари, а и покрај противењето на многумина, таа го поддржала неговиот брак со Меган Маркл. Бидејќи Хари и Меган долго време се во лоши односи со остатокот од семејството, извори од палатата сега откриваат како Елизабет реагирала на неговиот брак и на прашањето што таа му го поставила пред три години.
Кралицата, според извори од Бакингемската палата, рекла дека и е жал за мајката на Меган Маркл, Дорија, но и дека била загрижена за Хари кога се преселил во Калифорнија.
Вистина е дека кога нејзиниот внук и кажал дека ќе се ожени со Меган Маркл, кралицата била навистина возбудена поради идејата. И се допаднала Меган и им кажала на многу луѓе, но направила и се што е во нејзина моќ Меган да се чувствува добредојдено во семејството.
На нивниот прв состанок, кралицата наводно и рекла на Меган: „Можеш да продолжиш да бидеш актерка ако сакаш – сепак тоа е твоја професија“.
Сепак, поранешната актерка била подготвена за кралска должност, а кралицата била особено импресионирана од ентузијазмот на Меган за Комонвелтот.
За да и помогне на Меган, кралицата предложила нејзината снаа, Софи Весекс, да биде идеален ментор.
„Софи може да ти помогне да ги фатиш конците“, рекла кралицата.
Сепак, Меган јасно ставлаи до знаење дека не чувствува дека ѝ е потребна помош од Софи бидејќи го има Хари. Кралицата била малку загрижена за тоа, а исто така била загрижена кога до неа стигна веста дека Меган наводно понекогаш била малку „дрска“ со персоналот.
Пред самата венчавка, во разговор со остатокот од семејството, Елизабета ги изразила своите сомнежи за едно прашање – „можеби Хари е премногу заљубен?“.
Познат е епилогот на приказната – Хари и Меган се венчале и се преселиле во Калифорнија, семејството не го одобрувало, а во јануари следната година се објавуваат мемоарите на Хари, од кои стравува Бакингемската палата.