„Кралицата на бикини“ го прослави својот 58-ми роденден на плажа (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
521 прегледи

Познатата актерка Елизабет Харли (58) гордо позираше во минијатурно бикини, ги крена рацете во воздух на плажата на Малдивите и гордо им порача на своите 2,6 милиони следбеници: „Среќен ми роденден!“.

Објавата е лајкувана повеќе од 97.000 пати, а меѓу познатите личности кои ѝ го честитаа роденденот се и Трини Вудал, актерката и пејачка Петси Кенсит и актерот и водител Ричард Е Грант.

Актерката претходно изјави дека го одржува младешкиот изглед со нанесување хидратантна крема шест пати на ден.

Слични содржини