„Кралицата на кетаминот“ се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

Санга е петтиот и последен обвинет во случајот со фатално предозирање на ѕвездата од „Пријатели“, која постигна договор за признавање на вина со федералните обвинители за да избегне судење кое беше закажано за септември, објавиja американските медиуми.

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Џасвин Санга, позната по прекарот „Кралица на кетаминот“, обвинета за продажба на дрога на американскиот актер Метју Пери, што довело до неговата смрт, денес се изјасни за виновна.

Санга е петтиот и последен обвинет во случајот со фатално предозирање на ѕвездата од „Пријатели“, која постигна договор за признавање на вина со федералните обвинители за да избегне судење кое беше закажано за септември, објавиja американските медиуми.

Таа се согласи да се изјасни за виновна по пет федерални кривични обвиненија, вклучително и снабдување со кетамин што довело до смртта на Пери, соопштија федералните обвинители.

Обвинителството ја прикажа Санга, 42-годишна државјанка на САД и Велика Британија, како успешен дилер на дрога позната како „Кралица на кетаминот“.

Санга призна дека претходно продала четири ампули кетамин на Коди Меклори, човек кој немал никаква врска со Пери, но кој исто така починал од предозирање со кетамин во 2019 година.

Обвинителите ќе отфрлат уште три обвиненија за дистрибуција на кетамин и едно обвинение за дистрибуција на метамфетамин кое не е поврзано со случајот на Пери.

Пери се борел со зависност со години, уште од времето кога глумел во ситкомот „Пријатели“, каде што стана една од најголемите ѕвезди на неговата генерација како Чендлер Бинг.

Санга може да се соочи со затворска казна до 45 години.

Слични содржини