Британската кралица Елизабета Втора е позната по својата љубов кон кусоногата кучешка раса корги. Откако имала над 30 животинчиња, таа сега гледа само две од нив, но одлучила да престане со нивното одгледување.
Тоа го изјави нејзиниот советник и чест посетител на Бакингемската палата Монти Робертс пред списанието “Венити Фер”. Според него причина за крајот на нејзината страст е напреднатата нејзина возраст – 89 години.
“Таа не сакаше да остави ниту едно корги (откако ќе почине)”, вели Робертс пред изданието.
Елизабет ги одгледува кученцата од мала и го крштева првото Дуки, соопштува британскиот весник “Телеграф” додавајќи дека таа лично ги храни и шета секој ден.
Последните две корги кои се радуваат на кралскиот комфорт, се викаат Холи и Вилоу.И двете се речиси 12 годишни.