„Кралицe, те сакам бескрајно“: Бијонсе со емотивна порака се прости од Тина Тарнер (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
433 прегледи

Пејачката Тина Тарнер почина вчера на 83-годишна возраст.

Според нејзиниот портпарол, таа починала по долго боледување во нејзиниот дом во близина на Цирих, Швајцарија, каде што го поминувала поголемиот дел од своето време.

Фановите и колегите се збогуваат со познатата пејачка, а сега тоа го направи и Бијонсе, на која Тина ѝ била еден од најголемите примери.

Бијонсе моментално е на својата турнеја „Renaissance“, а на нејзината официјална веб-страница беше објавена емотивна порака.

„Моја сакана кралице, те сакам бескрајно. Многу сум благодарна за твојата инспирација и за сите начини на кои го поплочи патот. Ти си сила и издржливост, ти си олицетворение на моќта и страста. Сите сме толку среќни што бевме сведоци на твојата добрина и прекрасен дух кој ќе живее вечно“, напиша Бијонсе.

Ова не е прв пат Бијонсе јавно да ѝ оддаде почит на починатата пејачка. Во 2005 година, таа рече дека две Тини ѝ го промениле животот, а тоа се нејзината мајка и Тина Тарнер.

Да потсетиме, Тина и Бијонсе заедно настапија на доделувањето на наградите „Греми“ во 2008 година, кога ја отпеаја песната „Proud Mary“.

Слични содржини