„Кралица на вселената“: Јелена Карлеуша воодушеви со посебен детал од новиот стајлинг (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
683 прегледи

Поп-sвездата Јелена Карлеуша е една од најстилизираните дами на овие простори, што секој ден го докажува со своите необични стајлинзи на снимањето на шоуто „Звезде Гранда“. Сребрената комбинација во која ЈК се појави на вчерашното снимање го привлече вниманието на јавноста, а следбениците ја нарекоа „кралица на вселената“ заради еден детал.

Карлеуша носеше сребрен дводелен комплет, што повеќе откриваше затоа што беше исечен долниот дел, односно здолништето на колкот, додека горниот дел едвај го покриваше нејзиното бујно деколте.

Но, иако пејачката беше во повеќе од предизвикувачко издание, најголемо внимание привлекоа нејзините „вселенски“ очила, кои одговараа на комбинацијата.

Покрај стандардниот оквир, моделот има крилја од двете страни, што особено привлече внимание, па затоа многу придружници ги нарекоа „вселенски“.

Слични содржини