Иако најмногу се пишува за изгледот и облеката на Кејт Мидлтон и Меган МАркл, тешка конкуренција на членките на британското кралско семејство е шпанската кралица Летиција.
Освен тоа што беспрекорно дотерана според последниот тренд, често ги повторува аутфитите, а носи и облека од поволните high-street брендови. Сето тоа го потврдила и со своето последно издание.
За состанок со Шпанскиот сојуз за ретки болести, кралицата облекла долго струкирано сако со двојни копчиња и црни тесни кожни пантолони.
Стајлингот го надополнила со лакирани црни салонки и кожна чантичка, а освен што изгледала многу шик, ја нагласи и својата фигура.
Интересно е тоа што истото сако го носеше и во декември минатата година ког со својот сопруг беа на службена посета на Хаваите. Исто така, интересно е што не станува збор за дизајнерско парче, туку од сестринскиот бренд на Zarа – Uterqüea, а цената му е 260 долари.