Кралицата Елизабета го доби својот 12 -ти правнук

од Vladimir Zorba
437 прегледи

Внуката на британската кралица Елизабета, принцезата Беатрис, роди девојче во саботата, објави Бакингемската палата.

Нејзиното кралско височество принцезата Беатрис и г-дин Едуардо Мапели со задоволство објавуваат дека нивната ќерка се роди безбедно во болницата Челси и Вестминстер во Лондон во сабота, 18 септември 2021 година, во 23:42 часот, се вели во соопштението.

Бебето имало два килограми и 800 грама при раѓање.

„Бабите, дедовците, прабабите и прадедовците беа информирани и воодушевени од веста. Семејството сака да им се заблагодари на вработените во болницата за нивната прекрасна грижа“, се вели во соопштението на Бакингемската палата.

Едуардо Мапели има син, Кристофер Волф, од претходната врска. Ова е прво дете на принцезата Беатрис.

Бебето е 12-ти правнук на кралицата, второ родено по смртта на војводата од Единбург. Во јуни, војводата и војвотката од Сасекс добија ќерка, Лилибет.

Слични содржини