Кралицата Елизабета Втора не присуствуваше на службата по повод Денот на сеќавањето на паднатите борци во Првата светска војна, поради болки во грбот.
Од Бакингемската палата велат дека 95-годишната кралица била разочарана бидејќи не можела да присуствува на настанот.
Во соопштението се наведува и дека имала намера да присуствува, но дека морала да се откаже поради здравствени причини.
„Со големо жалење таа утрово донесе одлука да го пропушти настанот“, пишува во соопштението.
Како и претходните години, принцот од Велс, Чарлс положи венец во нејзино име.
Кралицата, која била тинејџерка за време на Втората светска војна, е врховен командант на вооружените сили.
Таа пропушти само шест церемонии за време на нејзиното владеење, четири пати кога беше во прекуокеански посети во 1959 и 1963 година кога беше бремена.
Кралицата имаше напорен распоред во текот на октомври кога беше примена во болница.
На службата во Вестминстер прошета со помош на бастун, а ова е првпат да го искористи на поголем настан.
Таа се врати во замокот Виндзор во четвртокот, по престојот во Норфолк.