Кралицата Елизабета насмеана: Се врати на должностите откако излезе од болница

од Nikola Popovski
606 прегледи

Помалку од една недела по препораката на лекар за одмор и ноќите поминати во болница, која наиде на големо коментирање во медиумите, кралицата Елизабета Втора во вторник се врати на своите службени обврски, одржувајќи виртуелна средба со амбасадорите акредитирани во Велика Британија.

Од замокот Виндзор, околу четириесет километри од Лондон, каде што сега е нејзината главна резиденција, кралицата преку видео-врска разговарала со амбасадорот на Јужна Кореја Гун Ким и Швајцарија, Маркус Лајтнер, при што ги примиле акредитивните писма, објави Бакингемската палата.

Кралицата (95) се појавила насмеана, во жолт фустан, пред своите гости кои биле во Бакингем, во центарот на Лондон, пренесува Хина.

Ова е нејзино прво појавување во јавноста од 19 октомври и откажувањето на патувањето во Северна Ирска ден потоа, бидејќи лекарите и препорачаа одмор.

Кралицата минатата недела поминала една ноќ во болница, официјално поради „превентивни“ прегледи.

Фактот што Бакингемската палата доцна ја информираше јавноста за таа хоспитализација, прва на кралицата од 2013 година, поттикна прашања и критики за недостигот на транспарентност.

Британската кралица треба да присуствува на Конференцијата за климата на ОН COP26 на почетокот на следната недела во Глазгов, Шкотска. Тоа е важно патување, бидејќи кралското семејство во последно време е многу заинтересирано за еколошките прашања.

Слични содржини