Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан испратила барање до кралицата Елизабета Втора со желба да присуствува на прославата по повод платинестиот јубилеј на кралицата, но кралицата го одбила нејзиното барање.
На сите им е јасно дека Ким е големо име во странскиот свет на шоу-бизнисот и дека нејзиното влијание е несомнено огромно, но се чини дека некои врати ѝ се се уште затворени.
Бакингемската палата го одби барањето на Кардашијан да присуствува на официјалната прослава, откако ријалити ѕвездата со своето момче Пит Дејвидсон одлета за Лондон.
Ким имала огромна желба да присуствува на овој настан, па на секој начин се трудела да набави билети, дури изјавила дека не ѝ пречело да не се „ВИП“.