Кралицата Елизабета со прва официјална средба откако прележа Ковид (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Британската кралица Елизабета ја имаше првата официјална средба по заразувањето со Ковид-19 во средината на февруари.

Таа денеска се сретна со канадскиот премиер Џастин Трудо во замокот Виндзор.

Трудо моментално е во Велика Британија и учествува на разговори за војната во Украина со премиерот Борис Џонсон и холандскиот премиер Марк Руте, пишува Sky News.

Кралицата (95) беше позитивна на Ковид на 20 февруари. Бидејќи примила три дози од вакцината, имала благи симптоми на настинка.

Слични содржини