Кралицата Елизабета за прв пат видена со бастун

од Nikola Popovski
550 прегледи

Денес, кралицата Елизабета за прв пат била видена со бастун, кој ѝ помага во одењето, за време на службата во катедралата Свети Петар во Вестминстер.

Службата се одржала во Вестминстерската опатија по повод стогодишнината од Кралската британска легија, а ќерката на кралицата, принцезата Ана, ѝ додала бастун на кралицата откако и двете излегле од лимузината во центарот на Лондон.

Кралицата се насмевнала кога влегла во црквата преку дворот на поетот, наместо Големата западна порта, што е вообичаено, а Бакингамската палата одбила да го коментира настанот.

За време на службата во Вестминстерската опатија, била нагласена важноста и придонесот на Кралската британска легија, основана во 1921 година за да се грижи за членовите на армијата и нивните семејства по Првата светска војна.

Фото: AP Photo/Frank Augstein

Слични содржини