Кралицата нема да прими вакцина преку ред

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Кралицата Елизабета, како и останатото кралско семејство, нема да можат да примат вакцина против коронавирус преку ред, а британскиот премиер Борис Џонсон ќе мора да почека на својот ред, откриваат британските медиуми.

Никој нема да има „посебен третман“ кога земјата започнува со масовна имунизација, пренесува британскиот таблоид „Дејли мејл“, повикувајќи се на извор близок на Владата, кој исто така посочил дека вакцините ќе бидат достапни само преку Националната здравствена служба (NHS).

Први на списокот за вакцини ќе бидат оние од домовите за стари лица, а веднаш потоа, на ред ќе дојдат и оние постари од 80 години – што е токму групата на која припаѓа 94-годишната Кралица.

Според списокот на приоритети, принцот Чарлс ќе биде во четвртата група, а премиерот Џонсон на 56-годишна возраст во деветтата група.

Принцот Вилијам ќе припаѓа на последната, 11-та група за вакцините.

Велика Британија подготвува програма за масовна имунизација откако „Фајзер“ и „Бајонтек“ во понеделникот објавија дека развиле ефективна вакцина против коронавирус од 90 проценти, без сериозни несакани ефекти и, ако сè оди според планот, првите дози би можеле да се дадат до крајот на годината. Има уште неколку чекори до тоа, но досегашните резултати се доста оптимистички.

Вакцината, развиена од „Фајзер“ и „Бајонтек“, користи целосно експериментален пристап кој вклучува инјектирање на дел од генетскиот код на вирусот или РНК, со цел зајакнување на имунитетниот систем, објави Би-Би-Си.

Претходните студии покажаа дека вакцината го обучува телото да создава антитела и Т-клетки за борба против коронавирусот.

Слични содржини