Кралот Чарлс и принцезата Кејт обвинети за расизам кон бебето на Хари и Меган

од Stefanija Kuzmanovska
481 прегледи

Холандската верзија на новата книга на Омид Скоби „Endgame“ за британското кралско семејство е повлечена од продажба откако наводно случајно открила како кралското семејство ја коментирало бојата на кожата на синот на Хари и Меган, Арчи. Спорниот пасус беше отстранет од англиската верзија на книгата.

Откако вчера веста ги преплави британските медиуми и интернет, Пирс Морган во своето шоу го нападна Скоби, кој тврди дека не ги напишал имињата на наводните расисти и дека имињата по грешка се појавиле во холандската верзија.

Тогаш Морган реши да ги објави имињата споменати во холандската верзија на книгата, а тоа се кралот Чарлс и принцезата Кејт.

Хари рече дека тој и Меган никогаш не го нарекле кралското семејство расистичко

Во 2021 година, Меган, чија мајка е црнкиња, а татко белец, изјави во американското шоу на Опра Винфри дека член на кралското семејство прашал колку ќе биде темна кожата на нивното неродено прво дете.

Тогаш принцот Чарлс, денешниот крал, ги отфрли тврдењата дека тоа е тој. Братот на Хари, принцот Вилијам, тогаш им рече на новинарите: „Ние не сме расистичко семејство“.

Хари и Меган потоа замолкнаа, за принцот да каже во интервју пред неколку месеци дека неговата сопруга не рекла дека членовите на кралското семејство се расисти, туку дека медиумите се. Хари рече дека коментарот не го смета за „расистички“, туку за несвесен и ненамерен.

Слични содржини