Принцот Вилијам отпатува во Шкотска оваа недела за да се сретне со кралот Чарлс во замокот Балморал. Според британските медиуми, принцезата Кејт овој пат не е со него, ниту пак кралицата Камила, која одлучи да остане настрана за таткото и синот да можат да поминат малку време сами.
Извор близок до „Дејли Меил“ ја опиша средбата како мала семејна пауза, еден вид „мини одмор татко-син “.
Откако претходно присуствуваше на јавен ангажман со принцезата Кејт во Саутпорт, Вилијам се упати кон Шкотска, каде што ќе помине неколку неформални дена со својот татко.

Фото: Јутјуб/Принтскрин
Целта на нивното собирање не е само приватен одмор, туку и дискусија за должностите што ги очекуваат, а средбата се нарекува важна размена меѓу монархот и наследникот на престолот. Ова е трета година по ред што Вилијам ја искористи можноста да помине време заедно со својот татко.
Замокот Балморал, поранешната летна резиденција на покојната кралица Елизабета Втора, повторно служи како место за дискусија за актуелните предизвици со кои се соочува кралското семејство. Не е исклучено тие да допрат чувствителни теми, како што е нивниот однос со принцот Хари, со кого Чарлс се обидува да одржува контакт.
Сепак, познато е дека Вилијам останува резервиран и се спротивставува на враќањето на војводата од Сасекс во потесниот круг на семејството, што продолжува да создава тензии меѓу таткото и синот.