Британскиот крал Чарлс Трети ненајавено ги посети граѓаните кои чекаат во километарската редица за да поминат покрај ковчегот во кој се наоѓа телото на кралицата Елизабета Втора во Лондон.
Чарлс и неговиот син принцот Вилијам се ракуваа и им се заблагодарија на граѓаните во редот во близина на мостот Ламбет.
Откако стана крал на 8 септември, Чарлс имаше неколку ненајавени појавувања за да ги посети луѓето кои ѝ оддаваат почит на неговата покојна мајка.
Илјадници луѓе чекаат на ред за да поминат покрај ковчегот на кралицата изложен во Вестминстерската палата, седиштето на Парламентот, и покрај предупредувањата дека времето на чекање може да биде 16 часа или повеќе. Ковчегот ќе биде изложен до рано во понеделник кога ќе започне државниот погреб на кралицата во блиската Вестминстерска опатија.