Кралот Чарлс III го протера принцот Ендру од Бакингемската палата

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Кралот Чарлс Трети му наредил на принцот Ендру, војводата од Јорк, да ја напушти Бакингемската палата, а неговите работи биле однесени за време на реновирањето на палатата, пренесува британскиот печат.

„Кралот јасно стави до знаење дека Бакингемската палата повеќе не е место за принцот Ендру. Најпрво неговата канцеларија беше затворена минатата година, а потоа и просториите за спиење“, изјавил неименуван извор за британски „Сан“.

Ендру ги сакаше своите одаи во Бакингемската палата каде што живееше брачен живот со Сара Фергусон, со која се ожени во 1986 година, а тие беа и негово љубовно гнездо по нивниот развод во 1996 година, според весникот.

Слични содржини