Кралот Чарлс III ќе биде крунисан за една година

од Vladimir Zorba
165 прегледи

По смртта на кралицата Елизабета II, нејзиниот најстар син, Чарлс станува крал Чарлс III.

„Крунисувањето најверојатно ќе биде за една година“, рече Кејт Вилијамс, професорка по историја на англискиот универзитет во Рединг и автор на книгата „Young Elizabeth: The Making of the Queen, за магазинот People.

„Церемонијата на крундиба обично се одржува по една година бидејќи се смета дека е несоодветно да се одржи церемонија веднаш по нечија смрт. Тоа е долг процес на тагување“, истакнува Вилијамс.

Иако се шпекулираше дека 73-годишниот Чарлс ќе абдицира и ќе му ја предаде круната на својот син, принцот Вилијам, тоа тешко дека ќе се случи.

„Долго го чекаше и сигурен е дека добро ќе го направи тоа. Луѓето велат дека Чарлс ќе абдицира бидејќи Вилијам и Кејт се попопуларни, но тоа нема да се случи“, рече Вилијамс.

Абдикација кога монархот ќе достигне одредена возраст е многу ретка во Англија. Последен пат кога некој абдицирал во Велика Британија бил на 11 декември 1936 година, кога кралот Едвард Трети се повлече од функцијата за да се ожени за Американката Волис Симпсон.

Слични содржини