Кралот Чарлс III организира важен семеен состанок, Хари и Меган непоканети

од Nikola Popovski
78 прегледи

Средината на август е резервирана за семејните собири на британското кралско семејство. Најпознатото британско семејство се собира во Балморал, а странските медиуми пренесуваат дека за време на овогодинешното собираање ќе има одредени важни дискусии за иднината на монархијата.

Овој престој во Балморал на тој начин ќе биде повеќе од релаксирано летно дружење, бидејќи кралот Чарлс ќе го користи времето со своите роднини за стратешко планирање на семејни настани.

На семејниот собир се очекува да присуствува и 42-годишниот принц Вилијам и неговото семејство, а како наследник на тронот, Вилијам ќе биде голем дел од дискусијата за наследувањето и семејните улоги.

Наводно, покрај Вилијам и неговото семејство, во Балморал ќе се соберат и принцезата Ана и нејзиниот сопруг, принцот Ендрју, Сара Фергусон и принцезите Беатрис и Евгениј.

Освен нив, на собирот најверојатно ќе пристигнат и децата на кралицата Камила, Том Паркер-Боулс и Лаура Лопес.

Како што се очекуваше, принцот Хари не добил покана за семејниот собир, иако во своите мемоари „Spare“ го опиша Балморал како рај.

Слични содржини