Британскиот крал Чарлс Трети денеска изјави дека ќе се труди да постигне благосостојба за народот на Северна Ирска, по примерот на неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора.
„Ги преземам моите нови должности решен да ја постигнам благосостојбата на сите жители на Северна Ирска“, рече кралот Чарлс Трети, потсетувајќи на светлиот пример на неговата мајка, пренесе Ројтерс.
Според него, од почетокот на својата служба, кралицата се обврзала да се посвети на својата земја и својот народ и да ги поддржува принципите на уставната власт.
„Таа го одржа ова ветување со непоколеблива вера“, истакнал кралот Чарлс III.
Кралот Чарлс III и неговата сопруга Камила отпатувале во Белфаст, а оттаму во селото Хилсборо, на кое во 2021 година му бил даден префиксот кралски за да ја потврди својата долга поврзаност со кралското семејство.
Голем број луѓе ја поздравија кралската двојка.