Кралот Чарлс сака Хари и Меган да присуствуваат на крунисувањето, Вилијам скептичен

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Крунисувањето на кралот Чарлс ќе се случи на 6 мај, а многумина се прашуваат дали ќе присуствуваат неговиот помлад син, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

Откако кралот Чарлс го презеде тронот по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, се шпекулира дали принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ќе присуствуваат на неговото крунисување.

Тие двајца ги напуштија кралските обврски и ја напуштија Велика Британија пред една година, а веќе воспоставените односи меѓу членовите на семејството ги разниша најпрвин документарецот на Нетфликс „Хари и Меган“, а работите станаа уште полоши по објавувањето на мемоарите на Хари „Резерва“.

Сепак, според британските медиуми, кралот Чарлс наводно побарал од надбискупот од Кентербери да помогне да се постигне договор со Хари и Меган Маркл за да присуствуваат на неговото крунисување.

„Тој побара од надбискупот Џастин Велби да посредува за договор што ќе го отвори патот за војводата и војвотката од Сасекс да присуствуваат на церемонијата на крунисувањето и покрај тоа што последиците сè уште се чувствуваат по објавувањето на мемоарите на Хари.

Сепак, кралот Чарлс смета дека нивното отсуство од крунисувањето би предизвикало поголема штета, па затоа е подготвен да ја спушти топката и да побара пријателско решение“, навел добро упадет извор за британските медиуми.

Сепак, „Мејл он Сандеј“ пишува дека принцот Вилијам нема многу добро мислење за одлуката на неговиот татко и е скептичен дека неговиот брат и снаа, доколку се појават, ќе го искористат тоа за да привлечат внимание и да направат уште поголем скандал.

Слични содржини