Кралот Чарлс се чувствува добро по интервенцијата, ја посети Кејт Мидлтон пред процедурата

од Vladimir Zorba
778 прегледи

Британскиот крал Чарлс III се чувствува добро по операцијата за лекување на зголемена простата, изјави неименуван извор близок до кралското семејство, додавајќи дека пред операцијата ја посетил својата снаа, принцезата од Велс – Кејт Мидлтон, која се опоравува во истата болница.

Од објавата на Бакингемската палата за здравјето на кралот, Британската национална здравствена служба (NHS) објави дека бројот на посети на нејзината страница за зголемена простата е зголемен за 1.000 отсто, односно на страницата се кликнува во просек на секои пет секунди, пренесe Sky News.

„Неговото височество сака да им се заблагодари на сите што испратија добри желби во текот на изминатата недела и се задоволни што неговата дијагноза има позитивно влијание врз зголемувањето на свеста за јавното здравје“, соопшти палатата.

Слични содржини