На интернет се појави оглас за продажба на сено од името на белгискиот крал Филип и неговото семејство.
Огласот, објавен во сајтот 2ememain.be, беше со следниов текст: “Се продаваат стотина бали сено, секое со тежина од околу 13 килограми и со цена од 2,2 евра. Сеното е со врвен квалитет, не е третирано со пестициди и се наоѓа во Вилер-сур-Лес “.
Вилер-сур-Лес е регион, сопственост на кралското семејство кое добива од него приход. Се разбира, тоа не значи дека објавувањето е автентично, затоа неколку часови по појавата и беше отстрането од сајтот. Најверојатно нејзин автор е некој шегобиец.
А можеби огласот бил пуштен од граѓанин со републикански убедувања, бесен поради 11-те и пол милиони евра кои годишно ги чини белгискиот данок за кралското семејство.