Холивудскиот актер Кристан Бејл моментално работи на снимањето на филмот „Thor: Love and Thunder”во Австралија и се чини дека овој мајстор за филмска трансформација повторно се надмина себеси.
47-годишниот Кристијан беше фотографиран додека уживаше во слободниот ден додека трчаше на плажа, но малкумина го препознаа со избричена глава.
Инаку, Кристијан во филмот игра лик на негативец, а со главниот актер Крис Хемсворт снима сцени на бројни локации околу Сиднеј. Премиерата е закажана за 11 февруари 2022 година, но постои можност да биде одложена поради коронавирусот.
Кристијан повеќе пати покажа и докажа дека драстичните промени не му се проблем, заради снимањето на улогата на поранешниот американски потпретседател Дик Чејни во филмот „Vice“ се здебели. За снимањето на филмот „Машинистот“, Кристијан изгуби дури 30 килограми, по што имаше само 54 килограми. Само шест месеци после тоа, тој се врати на својата тежина и успеа да добие мускули за улогата на Бетмен.
Фото: Profimedia