Британскиот монетен двор најави дека ќе кова серија од десет илјади монети во чест на раѓањето на ќерката на војводата и војвотката од Кембриџ, соопшти “Дејли мејл” (Daily Mail).
Во саботата наутро се роди второто дете на монархискиот пар. Внуката на кралицата Елизабета II, без уште да знае застана на четвртата позиција во линијата на наследниците на британскиот престол, по дедо ѝ, татко ѝ и малку постариот брат Џорџ.
Ќе бидат пуштени 500 монети, направени од злато од примерок 88 со тежина до 40 грама, а остатаната бројка ќе биде изработена од сребро и ќе тежи околу 28 грама. Од едната страна на монетата е портретот на британската принцеза, а од другата се прикажани лилјани.
Дизајнот на оваа монета е на уметникот Џон Бергдал (John Bergdahl). Таа беше одобрена од кралицата Елизабета II и од родителите на малата принцеза. Бергдал е автор и на свечената монета во чест на раѓањето на првото дете на кралската двојка – принцот Џорџ. Десет илјади сребрени монети по пет фунти беа продадени само за неколку дена.
БиБиСи (BBC) забележува дека оваа година сребрената монета ќе биде подарена на британски деца родени во истиот ден како принцезата.