Членовите на кралското семејство имаар бројни правила и не можат да се опуштат во голема мера. Сепак, можеби најнеобичните правила се однесуваат на нивните патувања.
1. Патувањата се кратки и досадни
Принцезите, војвотките, па дури и кралицата, можат да сонуваат за патување исполнето со шетање, посета на знаменитости и излети. Поголемиот дел од своето време го поминуваат во службени посети и секоја минута им е прецизно испланирана. Тие дури знаат и во кое време ќе го напуштат некој настан и влезат во автомобил. Најчесто, тие имаат најчесто 40 минути за посета на најпопуларните атракции.
2. Секогаш мора да имаат двојна, идентична гардероба
Личната асистентка и нејзината стилистка, секогаш изработуваат два идентични одела за Елизабета Втора. Работата е во тоа што кралицата мора секогаш да изгледа беспрекорно. Така, доколку дојде до некои непланирани работи, таа би можела брзо да се пресоблече, додека никој не забележал. Тие ниту случајно не смеат да имаат било какви дупки, рабови и дамки на облеката.
3. Секогаш мора да имаат црно одело
Претставниците на монархијата секогаш мора да имаат црно одело во својот багаж. Тоа не е за свечени причи, туку во случај некој од роднините или блиските пријатели да почине додека се тие на патување. Така, по враќањето ќе бидат прикладно облечени.
Ова правило било усвоено кога починал таткото на кралицата Елизабета во 1952 година, додека таа била во Африка. Кога се вратила, морала да чека во авион додека не и донесат црно одело.
4. Треба да имаат залихи од сопствната крв
Веруваме дека ова е најбизарната работа која може да се најде во коферот на членовите на кралското семејство. Сепак, протоколот налага да мораат да имаат со себе залиха од сопствената крв. Освен тоа, тука секогаш мора да има и лекар кој би извршил трансфузија, доколку затреба.
5. Ги следи голема група на асистенти
Каде и да одат, ги следат голема група на асистенти. Секретарки, фризерки, телохранители, стилисти и дадилки. Сите кои можат да бидат од помош одат со нив на патувањата. Кралицата има 34 асистенти, а војводата и војвотката од Кембриџ околу 10.
6. Мораат да знаат како да се поздрават со луѓето на сите јазици
Покрај ова, тие треба да бидат запознаени и со правилата за однесување во државата кој ја посетуваат и да ги почитуваат. Секогаш имаат асистенти кои ги подготвувааат за некои важни патувања. Покрај тоа, секогаш ги следат и преведувачи, со цел да избегнат било какви попречености и брзо да одговараат на прашањата.
7. Посебно мени за секој член од кралското семејство
Работниците во палатата однапред преговараат со странските готвачи за храната која ќе ја јадат членовите на монархијата. Забрането е во нивната храна да се додава лук или премногу зачини, морска храна или храна која може да доведе до проблеми. Кралицата своето омилено јадење го чува во тајност бидејќи мисли дека, доколку го каже, тоа јадење ќе и биде сервирано каде и да отиде.