Принцот Чарлс на 17 и 18 март доаѓа во Босна и Херцеговина, а ќе ги посети Сараево и Сребреница, рекле од Амбасадата на Велика Британија во БиХ. Klix.ba пишува дека посетата на принцот од Велс е показател на посветеноста на кралското семејство за таа земја и западниот Балкан.
Клучен дел од посетата на принцот Чарлс ќе биде посетата на Меморијалниот центар во Сребреница и обележување на 25. годишнината од геноцидот, а таму ќе одаде почит на жртвите.
– Неговото ќе ги посети и локалните работилници и историските знаменитости во стариот дел на Сараево. Ќе се сретне со личности кои со својата работа се залагаат за подобра иднина на својата земја и британските војници кои допринесуваат за сигурност во БиХ и јакнењето на одбрамбената соработка меѓу БиХ и ОК – исктакнале од Амбасадата.
Принцот од Велд би требало да се сретне и со верските лидери во БиХ и да ги „обработи“ сите оние вообичаени церемонијални протоколи својствени за кралското семејство. На патувањето, Чарлс трга во прилично турбулентно време за кралското семејство, кое наскоро ќе и официјално ќе остане без принцот Хари, Меган и Арчки. Последен пат Чарлс ја посети БиХ во 2007 година.