Кралското семејство сподели среќна вест: Принцезата Беатрис е бремена

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Принцезата Беатрис е бремена за првпат, известуваат со ентузијазам сите британски медиуми.

Внуката на кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Едуардо Мапели се пресреќни што годинава ќе се остварат во најубавата улога во нивните животи. Според официјалната веб-страница на кралското семејство, бебето ќе пристигне на есен.

Веста дека повторно ќе стане прабаба ја воодушеви Елизабета, па по сите грди настани што го погодија британскиот двор, конечно ѝ се вратила насмевката на лицето.

Принцезата Беатрис се омажи во тајност минатата година во јули, без никаква помпа, присуство на медиуми и гости.

Слични содржини