Членовите на британското кралско семејство го изразија својот „ентузијазам“ за раѓањето на ќерката на принцот Хари и Меган Маркл.
Кралицата, принцот Чарлс, Камила и принцот Вилијам и Кејт, издадоа заедничко соопштение по повод раѓањето на Лилберт Лили Дајана и потврдија дека се „информирани“ за веста.
„Кралицата, принцот од Велс и војвотката од Кронвел и војводата и војвотката од Кембриџ се информирани и воодушевени од веста за раѓањето на ќерката на војводата и војвотката од Сасекс“, се вели во одговорот на Бакингемската палата.
Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го објавија раѓањето на нивното второ дете, девојче.
Според Би-Би-Си, Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатен-Виндзор е родена во петокот во 11.40 часот по локално време, во болница во Санта Барбара, Калифорнија, САД.
Девојчето имало три килограми и 487 грама.