„Моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает, туку на логичен след на настаните“, рече синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на Канал 5 одговарајќи на прашањето дали му прават притисоци за гласање на уставните измени.
„Ако ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам ‘да’, има притисок и има непријатни состаноци. Но ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам. Затоа што моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает туку на логичен след на настаните“, беше неговиот целосен одговор на прашањето.
Голема вест е содржана во овој негов одговор. Со оваа изјава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ навести дека нема сега да гласаат за уставните измени, туку ќе ги донесат кога ќе дојдат тие на власт. Веројатно за да биде нивна заслугата за преговорите и членство во Унијата.
Мицкоски, всушност во текот на целото интервју ниту еднаш не алудираше дека внесувањето на Бугарите во Уставот е погрешна политика. Аргументите кои ги изнесува се дека уставните измени се прават под притисок и уцена на Бугарија и дека нема гаранција дека тоа ќе биде последното барање од Софија. Во неколку прилики има кажано и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бара гаранции од ЕУ дека Бугарија по уставните измени повеќе нема да испорачува нови уцени. Што нема да ги добие, се разбира. Ако биде премиер ќе мора да го преземе тој ризик, и од неговите политички вештини и знаења ќе зависи дали Македонија ќе се движи успешно и ефикасно низ преговорите, или ќе влезе во ќорсокак како што влезе со Груевски за членството во НАТО.
Целата колумна може да ја прочитате на следниот линк.