Кратењето на хуманитарната помош од страна на Трамп ќе однесе 14 милиони животи до 2030 година

Една третина од оваа бројка би биле деца, односно 4,5 милиони деца до петгодишна возраст.

од desk2
19 прегледи Image by kone kassoum from Pixabay

Потегот на претседателот на САД, Доналд Трамп, да го сопре финансирањето на хуманитарна помош за странство, би можел да предизвика дополнителни 14 милиони смртни случаи до 2030 година, порачува истражување објавено во медицинското списание „Лансет“.

Една третина од оваа бројка би биле деца, односно 4,5 милиони деца до петгодишна возраст. На годишно ниво, тоа изнесува 700.000 починати деца, се вели во истражувањето.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во март годинава рече дека администрацијата на претседателот Трамп укинала 80% од сите програми на Агенцијата за меѓународен развој (USAID).

„Во многу земји со ниски и средни приходи, резултирачкиот шок според ефектот би можел да биде еднаков на глобална пандемија или на голем оружен конфликт“. Прекинот на финансирањето донесува ризик од нагло сопирање – и дури и уназадување – во однос на двете децении прогрес на полето на здравјето на загрозените популации, порачува Давиде Расела, еден од авторите на студијата.

Прегледувајќи ги податоците од 133 земји, тимот истражувачи проценил дека финансиите од USAID во периодот 2001 и 2021 година, спречиле 91 милион смртни случаи.

Според Државниот секретар на САД, преостанатите неукинати програми за хуманитарна помош, околу 1.000 на број, ќе бидат поефикасно спроведувани од страна на Стејт Департментот.