Кратка брада, крст на вратoт – Што е тоа? Џихадист!

од desk3
67 прегледи

Борци кои се борат за “Исламска држава” во Сирија и Ирак, издадоа прирачник за почетниците џихадисти од кој обземаат морници. Во него се содржат вредни совети кза џихадистите во Западот за тоа како да ги избегнат безбедносните служби, додека планираат напади слични на крвавите во Париз.

0000289325-article2

“Прирачникот” е напишан на англиски јазик и е долг 58 страници, пишува британскиот “Independent”. Документот е објавен онлајн и ги советува фанатиците да ја носат брадата куса, да користат афтершејв и дури да се преправаат како христијани и да носат крстови на вратот, за да ги избегнат сомневањата.

Документот е насловен “Совети за безбедност и сигурност за самостојните муџахедини” и објаснува не само како борците да избегнат апсење од службите за безбедност, но и посочува различни потенцијални објекти за напади.

“Без сомнение денес, во ерата на самостојните волци, браќата во Западот имаат потреба да знаат некои основни работи за сигурноста, за да се обезбеди успех на нивните операции”, се чита во воведот на документот.

Не сме лоши луѓе, едноставно бараме подобар живот

“Мислиме дека многу од браќата н кои не зборуваат арапски, би го нашле прирачникот за интересен и корисен во нивните благословени операции”, дополнуваат уште авторите.

Прирачникот дава и уште “корисни” совети – како и каде да се одржат нападите, како фанатиците кои не се од западно потекло можат да избегнат клучни грешки кои ќе ги разобличат како терористи.

“Ако можете, избегнувајте носење брада или камис (белите наметки кои мажите муслимани ги носат ) и не носете молитвеници со себе. Дозволено ви е да носите ѓердан со христијански крст”, објаснува уште прирачникот.

“како што знаете, христијаните, или дури атеистите од Западот со христијанско потекло, носат крстови на нивните вратови. Но ако во пасошот ви е запишано муслиманско име, не носете крст, може да изгледа чудно”, дополнуваат уште исламистите.

Ова е само уште еден случај пропаганда наменета за англиското говорно подрачје, издадена од “Исламска држава”. Во последната година борците издадоа бројни слични документи, со инструкции кон следбениците во сите аспекти – од изградба на “фабрика” за бомби до премин на границата меѓу Сирија и Турција без да бидат фатени.